Го чисти црниот дроб, ја смирува кашлицата и помага во исфрлање на камен од жолчката: Еве како да направите домашен мед од тиква

- Advertisement -

Го чисти црниот дроб, ја смирува кашлицата и помага во исфрлање на камен од жолчката: Еве како да направите домашен мед од тиква
Тиквата е еден од најконцентрираните извори на алфа-линоленска киселина (АЛА), омега-3 есенцијална масна киселина која е многу добра за здравјето на срцето.

Медот од тиква се смета за делотворен во ублажување на болестите на црниот дроб и бубрезите, за исфрлање на камен од жолчката, лекување на уринарните канали, но и за сува и упорна кашлица.

Оние кои страдаат од констипација можат да го консумираат медот од тиква бидејќи тој содржи влакна, но и каротен и бројни витамини.

- Advertisement -

Се смета дека помага во борбата со високиот холестерол, атеросклерозата, а се препорачува и кај лицата што имаат проблеми со прекумерна тежина.

Еве како да подготвите мед од тиква:

  • За подготовка на медот ќе ви биде потребна една зрела жолта тиква.
  •  Сè што е потребно е да го отсечете врвот и да ја извадите внатрешноста (семките и влакната).
  •  Во добиениот отвор ставете шеќер, било каков по ваша желба.
  • Одозгора поклопете со отсечениот врв и оставете ја тиквата 10-тина дена на студено место.
  • Најдобро е тиквата да ја ставите во некој поголем сад бидејќи со текот на времето ќе омекне и ќе биде тешка за преместување.

За тоа време шеќерот ќе се истопи во сокот од тиква, а добиената течност ставете ја во стаклен сад.

Медот можете да го користите како засладувач на чај, можете да го консумирате самостојно 2-3 пати дневно, по 2-3 супени лажички, можете да го користите како прелив за палачинки… сè зависи од вас.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави