Добил отказ од Телеком поради кражба, 30 ДЕНА ПОТОА ГО ВРАБОТИЛЕ ВО МВР

- Advertisement -

Како што дознава редакцијата Охридскај, лицето В.С. кој пред 30 денови добил моментален отказ од Македонски Телеком за проневера, кражба на пари од претплатници, и составување на фалсификувани дупли договори со корисници на мобилни услуги и договори за Магенда, со што оштетил над 80 жители на Општина Ресен, на кој им стигнале да плаќаат рати на Макeдонски Телеком за производи кој истите ги имале платено во готово, додека лицето В.С. како службено лице во Македонски Телеком, составувало нови договори во кои вметнувал лажна содржина, со што го оштетил Македoнски Телеком и граѓани на Општина Ресен за износ од над 30.000 евра.

Само 5 дена по добиениот отказ од Македoнски Телеком, лицето В.С. од Ресен, без претходен оглас експресно е вработено во МВР на РМ во сектор Правна Служба при МВР на РМ, од каде по задолжителните проверки кој ги спроведува АНБ, треба да биде префрлен во одделот за Организиран Криминал при МВР на РМ!?

Ресенчани бесни, сатирично коментираат, кој подобро ќе го знаe организираниот криминал од лице кое веќе се докажало во криминалот, ние ќе му ги плаќаме криминалите, тој ќе не гони, до кај стигнавме?, коментираат граѓаните на Ресен.

- Advertisement -

Незадоволство и помеѓу членовите на ОО СДСМ во Ресен, сите се прашуваат како е возможно вакво вработување!!!Останува МВР на РМ да излезе со официјално соопштение, како е можно лицето В.С. наместо пред лицето на правдата, да се појави како вработено лице во МВР?/Bulevar.mk

Последни објави

spot_img

Поврзани објави