Д-Р КАМЕНОВ ОТКРИВА: Три проблеми укажуваат дека луѓето се “трујат” со храна

- Advertisement -

Неспецифичниот имунолошки систем е исклучително важен за отпорноста на организмот, а токму во слабоста на имунитетот се крие одговорот на прашањето зошто и младите и здрави луѓе заболуваат од корона. Ова во изјава за ТВ Прва го објасни имунологот проф. д-р Борислав Каменов.

„Голем број луѓе се затруени со храна – оние кои имаат проблем со стомакот, подуеност и гасови, сите тие се трујат. Кај нив бактериите и токсините може да поминат од цревната бариера во крвотокот. Што може да се направи за нив? Може да се поправи храната, да се даде витамин Д, да се даде и пробиотик. Сето тоа влијае на имунитетот“, изјави д-р Каменов.

Тој истакна дека оние кои се уморни, може да земаат многу поголеми дози – од 5000 до 10.000 единици дневно.

- Advertisement -

Кај децата е доволна доза до 1000 па и 500 единици за мало дете, додека за дете кое веќе оди на училиште може да се дадат и 2000 и до 3000 единици дневно – порача имунологот.

Сепак, напоменува дека секогаш е најдобро да се измери нивото на витамин Д во крвта, па на основа на тоа да се одреди доза.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави