Живот во автобус: Брачен пар со бебе живее во несекојдневен и уникатен простор, а ентериерот ќе ве остави без зборови…

- Advertisement -

Овој необичен дом на австралиското семејство навистина е уникатен, а веруваме дека ќе ве освои.

Животниот простор на младиот брачен пар Крис и Вајдa од Австралија е несекојдневен.

Тие со нивното бебе Оливер и домашното милениче живеат во автобус, а фотографиите од овој дом секојдневно ги споделуваат на нивниот Инстаграм профил.

- Advertisement -

Станува збор за преуреден стар училишен автобус кој што е простран, па секој негов дел е фино искористен.

Тие се потрудиле околу уредувањето на ентериерот, не стравувајќи од играта со бои, а го уредиле во ретро стил.

Веселиот и топол амбиент значително го разубавуваат билките и уметничките слики.

Нивниот дом од простории има и катче за дружење, кујна, тоалет и спална соба.

Друштво секогаш им прави планинското куче Борис, а судејќи по фотографиите сите добро се согласуваат.

Следбениците на социјалните мрежи се воодушевени со нивниот живот во автобус и често коментираат дека изгледа многу подобро од бројни домови и станови ширум светот.

Погледнете ја галеријата:

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави