Заев: Српските туристи летово ќе бидат ослободени од патарина, како благодарност за вакцините

- Advertisement -

Тој рече дека дека српските вакцини иако се донација тие се во вредност од околу 700.000 евра и за тоа треба некако да им се одолжиме. Сподели
Премиерот Зоран Заев најави дека како знак за благодарност се размислува летово српските туристи да бидат ослободени од патарина на македонските автопати.

– Никако не можеме да го минимизираме чинот на солидарност, на хуманост од страна на Србија. Тоа што го добивме во моментот од Србија како донација ни е доволно за периодов. Зборував со Израел, со Британија, Франција, значи речиси нема каде не сме се обратиле, но ете нашиот сосед ни излезе во пресрет. Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство – премиерот, Зоран Заев, во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој рече дека дека српските вакцини иако се донација тие се во вредност од околу 700.000 евра и за тоа треба некако да им се одолжиме.

- Advertisement -

– Ние сите сакаме дома да имаме вакцини, но тие се околностите. Јас имав непријатно чувство оти наши сограѓани патуваа во Србија по вакцини, но не смееме да кажеме дека државата не направила ништо, напротив, државата направи се и во тоа сме сигурни. Тргнавме преку десетици компании, преку безбедносни служби со кои имаме реална соработка, сите да направат се што можат. Не сакам да не обвинуваат дека ништо не правиме. Вакцината е индивидуална одговорност, секој сноси одговорност за себе и може да одлучи каде сака да се вакцинира – вели Заев.

Тој нагласи дека овој пат помалите држави ја почувствувале нерамноправноста на распределбата во однос на вакцините.

– Ковакс има 142 држави, ние плативме 1,2 мииони евра за да го изградиме тој систем, значи сме дале пари за тој систем ама доцнеше испораката на вакцините. Дефинитивно ако САД боцкала над 100.000 граѓани дневно можеле да кажат еве 2.000 – 3.000 вакцини за Северна Македонија. Ако Германија давала по 50-60.000 во ден можеле и тие 2.000 до 3.000 да издвојат за нас. Но, така е кога одлучуваат политичарите кои се под притисок на јавноста. И ние не можеме да влегуваме во кавги затоа што ниту нешто ќе смениме, ниту ќе имаме повеќе вакцини на тој начин – изјави премиерот Зоран Заев, во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој направи збир на сите вакцини кои ги очекуваме во државата, а тоа како што рече се вкупно 2,6 милиони што би биле доволни за вакцинација на 1,3 милиони граѓани што, според него, е солидна бројка.

– „Фајзер“ го потврди договорот, очекуваме првите 10.000 вакцини да стигнат деновиве, до 15 април. Инаку, имаме нарачано 800.000 од „Фајзер“. Исто така, 800.000 од Ковакс системот, потоа имаме по 200.000 од кинеската и руската вакцина, 100.000 имаме преку системот на ЕУ, и потоа уште 500.000 кинеска вакцина од другиот производител. Вкупно имаме 2,6 милиони вакцини и очекувам дека сега нема да има прекин во имунизацијата, односно дека процесот е започнат и ќе трае се додека не се вакцинираат поголем дел од граѓаните – рече Заев во интервјуто.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави