Имаат по 30 години, а веќе се баба и дедо – Необична приказна за едно семејство

- Advertisement -

Џени Медлам (34) и нејзиниот сопруг Ричард (35) од Англија станале баба и дедо кога се родило бебето Исла-Меј, нивната внука, во јуни оваа година.

Откако се породила на 17 години, Џени вели дека ја поддржувала и ќерка си Шармејн (16), кога и рекла дека е бремена.

Џени и Ричард сакаат да бидат млади баба и дедо и велат дека странците често мислат дека Исла е нивното бебе.

- Advertisement -

Бидејќи и самата Џени се породила на 17 -годишна возраст, таа ја поддржала ќерка си Шармејн (16) кога и кажала дека е бремена.

Новопечените баба и дедо велат дека немаат ништо против, а не се согласуваат ниту со тоа ѓто дргите сметаат дека нивната ќерка е мала.

– Кога ќе не сретнат со Исла, сите мислат дека таа е наше дете. Вистински шок се случи откако им објаснивме дека сме нејзини баба и дедо. Повеќето луѓе не веруваат кога ќе им го кажеме тоа, но јас можам да ги разберам затоа што се уште сме во раните триесетти години. Кога Шармејн ни кажа дека е бремена и дека ќе добиеме внуче, навистина бевме шокирани. Тоа беше виор на емоции, но ние се радувавме кога се роди малото, вели оваа млада баба.Откако самата станала мајка како тинејџерка, Џени, која има уште две ќерки, Челси (13) и Скарлет (10), ја немала поддршка што очајно и била потребна во тоа време.

Таа не сакала нејзината ќерка да го помине истото искуство, па се заколнала дека ќе ја поддржи во се.

– Знаев точно како се чувствува мојата ќерка кога требаше да ми каже дека е бремена. Но, јас и реков дека тоа е нејзиното тело, нејзина одлука и дека ќе ја поддржам што и да одлучи. Кога се породи, таа веднаш порасна. Таа е неверојатна мајка и мислам дека тоа ја зајакна врската помеѓу Шармејн и мене. Мислам дека таа ме почитува уште повеќе сега како нејзина мајка. Сите живееме заедно под еден покрив, што е прекрасно. Таа се уште е во врска со таткото на своето дете, тие се заедно две години, па Исла има среќа што ја прифати и семејството на нејзиниот татко.

– Често се грижиме за бебето за да може Шармејн да се одмори. Моите ќерки апсолутно обожаваат да имаат бебе во куќата, пресреќни се, изјавила баба Џени.

Џени смета дека тинејџерките мајки се стигматизирани и дека раѓањето бебе на таа возраст не мора да значи дека вашиот живот е завршен. Таа вели дека, иако била тинејџерка, можела да работи и да ја воспитува својата ќерка, па дури започнала и сопствен бизнис.

– Можете да уживате во вашиот живот и да постигнете се што сакате, дури и ако имате дете. Мило ми е што можам да и покажам на ќерка ми дека се уште може да успее во се што сака, заклучила Џени за The Sun

Последни објави

spot_img

Поврзани објави