Исповед на акушерка од Државна болница: Видов се и сешто во породилиштето, но ова беше навистина чудо

- Advertisement -

Веќе 20 години сум акушерка во породилиште и се нагледав секакви жени, и секакви породувања. Ова што се случи минатата недела беше вистинско чудо. Ни дојде млада трудница од 23 години, инаку прво породување. Таа имаше болки, но не беше доволно отворена, па ја оставивме уште да чека, додека да дојде до породување.

Додека беше во собата постојано беше со слушалки на ушите и слушаше некоја музика, иако имаше силни болки. Од време на време се шеташе по ходниците се додека не дојде моментот на породувањето.

Не викна, ја одведовме на масата за породување и тогаш се случи нешто што во животот никогаш до тогаш не сум го видела.

- Advertisement -

Додека раѓаше и понатаму на себе имаше слушалки, само е разлика тоа што таа сега пееше и тоа на цел глас. Како се зголемуваа болките, така таа пееше што е можно посилно. На крај се, се заврши како што треба, без компликации, а таа не пушти ниту солза.

Долго време немав видено толку силна жена, односно девојка… Девојка која ги руши предрасудите дека денешната младина е многу нежна.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави