Километарски колони на патот Скопје – Штип- заглавена е и Брзата помош

- Advertisement -

Десеткилометарски колони на патот Скопје – Штип, меѓу возилата заглавена е и Брзата помош.
Од АМСМ информираат дека гужвата настанала поради јавен собир сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кај местото Коњари, е во прекин. Граѓаните протестираат заради тамошната серарација, која според нив нелегално работи и црпи песок од реката Пчиња.

Од МВР за Телма велат дека протестот не е пријавен.

- Advertisement -

Случајот на површински ископ на песок и чакал меѓу селата Долно и Средно Коњари во Општина Петровец е во фокусот на медиумите, особено поради сплотеноста и жестоките реакции на локалното население кое се противи на тоа. Жителите со години испраќаат дописи до надлежните институции и масовно протестираат со барање да се укине концесијата, зашто стравуваат од поплави и загадување на подземните води. Бараа власта на највисоко ниво да се вклучи во одбрана на природните ресурси.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави