Пред две години си купил куќа, а не ни сонувал што има под нејзе, претходниот сопственик сакал да си помине ефтино.Дејвид Олсон од Мичиген пред две години си купил куќа, а под нејзините скали имало нешто необично.
Тој упорно се прашувал зошто куќата е навалена на едната страна, кон предните скали, па решил да ги откова и да види зошто. Кога го ископа скалилото што водело до главниот влез на куќата, имало што да види. Неговата сопруга и тој веднаш сфатиле дека купиле куќа чија темел е изграден од кугли.
Кога Олсон конечно нашол време да се справи со скалите претходно овој месец, тој имал што да види. Имено, досега има извадено повеќе од 160, топки, а сè има документирано во групата на Фејсбук The Bowling Ball Guy.Олсон претпоставува дека ова е само мал дел од она што може да се крие под куќата.
Тој исто така вели дека некои топки биле оштетени, додека други изгледале неискористено. Тој исто така вели дека претходниот сопственик ги ставал топчињата во темелите бидејќи веројатно му било поевтино. „Не мислам дека денес ќе можеше да се извлече со тоа“, вели Ослон.
Претходниот сопственик очигледно мислел дека така ќе помине поевтино.
Олсон решил да ги чува куглите и со нив да ja украси градината.