Позитивните ефекти на куркумата врз здравјето

- Advertisement -

Куркумата се смета за супер храна која има значителни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето.Куркумата е ефикасна против главоболки и се препорачува како вид на третман, особено за луѓето кои страдаат од мигрена.
Луѓето кои имаат проблеми со акни треба да користат маски од куркума. Куркумата има антибактериски и антиинфламаторни својства, па затоа маските ќе помогнат во борбата против постојаните акни.

Исто така, може да помогне во запирање на растот на туморските клетки и да служи за детоксикација на организмот.Истражувањата покажаа дека оваа храна им помага на пациентите со дијабетес тип 2 имајќи антиинфламаторни својства и регулирајќи го нивото на шеќер во крвта.

Куркумата содржи куркумин кој помага во борбата против разни вируси, вклучувајќи херпес и грип.Студиите покажаа дека може да ги ублажи симптомите на синдром на нервозно дебело црево со ублажување на болката во стомакот.За време на студијата што следеше три менструални циклуси кај жени, беше откриено дека куркуминот ги ублажува симптомите на ПМС.

- Advertisement -

Куркумата може да го намали нивото на лош ЛДЛ холестерол и да го зголеми нивото на добар ХЛД холестерол, што е особено важно за срцето и кардиоваскуларниот систем. Исто така, покажува ветувачки резултати во ублажување на болката во зглобовите, вкочанетост и борба против артритисот.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави