СПУТНИК V 85 ОТСТО ЕФИКАСНА ПРОТИВ ДЕЛТА СОЈОТ Вакцината спречува тешки форми

- Advertisement -

Директорот на институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја развил вакцината, порача дека Спутник V е безбедна и ефикасна вакцина против сите познати соеви на коронавирусот.
Спутник V 85 отсто ефикасна против делта сојот, многу делотворна против тешки форми

Руската вакцина против ковид-19 Спутник V ефикасна е околу 83 отсто против делта сојот, што е помалку отколку што се претпоставуваше, потврди рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Произведувачите на вакцината во јуни соопштиле дека Спутник V е околу 90 отсто ефикасна во однос на делта сојот, а рускиот министер соопшти дека најновите резултати покажуваат дека ефикасноста е околу 83 отсто, пренесува ТАСС.
Мурашко изјавил и дека ефикасноста на вакцината Спутник V против тешки форми на болеста кои изискуваат хоспитализација надминува 95 отсто.

- Advertisement -

Директорот на институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја развил вакцината, порача дека Спутник V е безбедна и ефикасна вакцина против сите познати соеви на коронавирусот.

Руските власти сметаат дека делта сојот е одговорен за порастот на случаите на коронавирусот во јуни и во јули, како и на неподготвеноста на населението за имунизација и покрај широката достапност на вакцината.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави