Јадете ја оваа супа ако сакате да бидете во СУПЕР форма за лето

- Advertisement -

Јадете ја оваа супа ако сакате да бидете во СУПЕР форма за лето
Оваа супа уште се нарекува и медицинска супа, диетална супа, супа за после прејадување и препивање… Со користење на диеталната супа ќе бидете восхитени од резултатите за само неколку дена. Ви го претставуваме рецептот за диетална супа која сигурно ќе стане ваше омилено јадење.

Потребни состојки: 6 главици кромид со средна величина, 3-4 домати или доматно пире, по вкус, 1 мала главица зелка, 2 зелени пиперки, 500 г целер, корен и лист и 1 коцка супа (или 2 петлови супи)
Постапка: Исечкајте го зеленчукот, додадете вода, сол, црн пипер по вкус. Гответе го зеленчукот на висока температура 10 минути, а потоа намалете ја температурата на тивко и гответе додека зеленчукот да омекне.

МЕНИ ЗА СЕДУМ ДЕНА
Ден 1
Супа од зелка и овошје по избор, единствено не се дозволени бананите. Пијте доста течности, а се препорачува вода, незасладен чај или црно кафе.

- Advertisement -

Ден 2
Супа и зелен зеленчук (свеж, темно листест зеленчук). Не смеете да јадете пченка, зелен грашок или грав. За вечера, печен компир со малку растително масло. Овој ден е забрането овошјето.

Ден 3
Супа, овошје и зеленчук, но без компир. Третиот ден веќе се гледаат резултатите, па би требало веќе да ослабите 2 кг.

Ден 4
Супа, овошје и зеленчук, вклучително и банани и млеко со низок % масти. Може да изедете најмногу 4 банани.

Ден 5
Супата од зелка е задолжителна, а дозволен е и еден оброк 300-500 г немасно пилешко или говедско месо и салата од домати (максимално до 6 домати). Во текот на денот треба да испиете 1,5 до 2 литри вода за да се исперат вишокот киселини од организмот.

Ден 6
Супа, варено месо и зеленчук (особено лиснато). Шестиот ден не е дозволено да се јаде компир.

Ден 7
Чинија супа, варен интегрален ориз со зеленчук, овошен сок, свежо цеден.

Во текот на диетата пијте повеќе вода и комбинирајте ја исхраната со умерена физичка активност.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави