Ќе блесне како нова: Трик како да исчистите када за само неколку минути

- Advertisement -

Чистењето на кадата е една од оние задачи што мора да се прават редовно, со цел да се спречи формирање на мувла, а една мајка откри одличен трик како да го направите тоа на едноставен начин користејќи само три производи – сода бикарбона, оцет и детергент за садови.

Каролина МекКоли сподели видео на својот TikTok профил во кое покажа како се чисти када во неколку брзи чекори, а нејзините совети воодушевија многумина.

Првото нешто кое треба да го направите е да натопите три крпи во оцет и да ги ставите преку славината на кадата за да ги отстраните сите несакани бактерии и нечистотија. Потоа ставете сода бикарбона во одводот и истурете чаша оцет за да го исчистите одводот од остатоци.

- Advertisement -

Оцетот е вообичаен природен производ што се користи за убивање бактерии и дезинфицирање на површините бидејќи се состои од оцетна киселина, додека содата бикарбона предизвикува растворање на нечистотијата и маснотиите во вода, а може да се користи и за чистење на разни површини и облека.

На крајот, истурете малку сода бикарбона на целата површина на кадата и додадете детергент за миење садови врз содаа бикарбоната, а потоа истријте ја кадата со мек сунѓер. Сѐ добро исплакнете со топла вода, внимавајќи да не остане сапун или пена.

@carolina.mccauley

Make your bathtub sparkle ?✨ #cleaningtips #cleaninghacks #satisfyingvideos #homehackswithcarolina #cleaningasmr

♬ Sunday – HNNY

Последни објави

spot_img

Поврзани објави