3 примени на аспиринот во домот кои се незаменливи, а не се однесуваат на здравјето

- Advertisement -

3 примени на аспиринот во домот кои се незаменливи, а не се однесуваат на здравјето.Можеби досега не сте знаеле, но медицинскиот лек аспирин домаќинките не го користат само поради спречување и лекување болка во организмот.

Аспиринот може да се користи во домот и за други работи, а ние ви пренесуваме три најчести примени на овој лек, а истите не се однесуваат на здравјето.

Отстранување дамки од пот од облеката

- Advertisement -

Аспиринот може да го продолжи „рокот на траење“ на вашата облека која можеби сте ја сметале за уништена поради пот.

Начин на употреба: Помешајте аспирин со топла вода, нанесете го на дамката и оставете така да отстои во текот на ноќта. Потоа, исперете ја облеката како што тоа вообичаено го правите.

Отстранува траги од сапун во тоалетот

- Advertisement -

За оние кои веќе се изморени од чистење на дамките од сапун, постои едно одлично решение кое ќе го обожувате и применувате често.

Начин на употреба: Згмечете пет таблети аспирин и додадете средство за чистење. Нанесете ја смесата на површината која сакате да ја исчистите, оставете половина час да отстои, а потоа со леснотија исчистете ја површината со сунѓер.

- Advertisement -

Ја продолжува свежината на набраните цвеќиња

Букетот цвеќиња подолго ќе трае доколку во водата каде што го чувате додадете една таблета аспирин. Тоа се случува поради тоа што аспиринот ја менува pH вредноста на водата и размножувањето на бактериите забавува. Овој трик особено е успешен кога станува збор за ружите.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави