3.500 чекори до дното: Ова е најдлабокиот бунар во светот (ФОТО)

- Advertisement -

Веројатно веќе сте ги виделе овие фотографии без да знаете каде се направени или што има на нив, а уште помалку дека целото ова здание всушност претставува еден огромен бунар.

Ченд Баори е најдлабокиот бунар во светот до кој водат скалите и до кој може да се стигне без оглед на времето од годината затоа што начинот на кој е дизајниран е секогаш полн со вода.

Ова е исто така класична архитектура од 8 и 9 век што е препознатлива за хиндуистичкиот свет.

Бунарот од 3.500 скали, кои се спуштаат на длабоочина од 35 метри, се наоѓа во Раџастан, селото Абахари, и е изграден пред околу 1.200 години.

Опкружен е со мрежа на скали од три страни, додека на четвртата е комплекс од кралските резиденции и етапи со раскошно украсени скулптури и украси.
Ѕидовите и скалите се изработени од темни вулкански камења кои спречуваат да тече вода, така што за време на монсунските дождови бунарот се полни скоро до врвот.

Ченд Баори порано имаше функција на вистински бунар, но денес водата во него не е за пиење.

- Advertisement -

Како и да е, оваа зграда стана туристичка атракција, но и омилено место за собирање на локалното население.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави