4 зачини кои постојано ги користиме, а се вистинска ризница на здравје: Го зајакнуваат имунитетот и срцето

- Advertisement -

Зачинските билки не само што им даваат вкус на јадењата туку имаат и корисни својства.

Ретко кој знае дека нането, ориганото, магдоносот и мајчината душица содржат неверојатна количина на антиоксиданси.

„Благотворните својства на билките можат да помогнат во спречување на хронични заболувања како дијабетес или кардиоваскуларни болести“, вели шпанската нутриционистка Лаура Гонзалес.

- Advertisement -

Помеѓу овие соединенија, највредни се полифенолите, танините или каротените кои билките ги синтетизираат за да се заштитат од надворешни фактори.

Ароматичните билки се главен извор на фитохемикалии, витамини и минерали, а еве со што изобилува секоја од горенаведените.

Нане
Листовите и нежните стебла на растението се користат како зачин бидејќи токму таму се наоѓаат концентрирани есенцијални масла богати со фитохемикалии. Покрај тоа, оваа билка лесно може да се одгледува во домот бидејќи не бара комплицирано одржување.

Оригано
Листовите и цветовите од ориганото се користат свежи, иако нивната арома станува уште поинтензивна кога тие ќе се исушат. Ова растение е извор на антиоксиданси како рузмаринска киселина, а сувите листови се идеални во подготовка на тестенини, пици, чорби, месо на скара и риба.

Магдонос
Магдоносот им дава специфичен вкус на варивата, маринадите и сосовите. Одлично се комбинира со речиси било која храна, но особено со ориз и риба, како и со доматен сос. Магдоносот изобилува со витамин Ц и се препорачува да се консумира сиров. Освен тоа, тој е одличен и за слабеење.

Мајчина душица
Свежата или сушената мајчина душица се користи за печено месо, маринада, риба и сосови. Чајот од оваа билка се користи за искашлување, а поседува силни антисептички својства.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави