42 годишна жена родила пет деца после 18 години борба со неплодност

- Advertisement -

После долга борба со неплодноста, двојката Драгана и Воислав Петрович станале среќни родители на три момчета и две девојчиња.

Интересен е фактот што акушерката која ги советувала да пробаат со ин-витро процедура, на крајот ја изродила жената.

Ги гледав нивните тестови и анализи и преценив дека веројатноста да забременат по природен пат е многу мала, затоа ги советував да пробаат со ин-витро процедури, вели акушерката.

- Advertisement -

Кога се потврдило дека сите 5 ембриони се фатиле, тогаш двојката решила да ги задржи сите дечиња. 42 годишната жена призна дека бременоста не била лесна. Гордиот татко е благодарен на Бог и на неговата сопруга, која не се откажала сите 18 години додека со обидувале да имаат деца.

Момчињата тежат 1,3 кг. , 1,6 кг. , 1,7 кг. , а девојчињата 1,8 кг. и 1,9 кг. Сите се здрави и активни.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави