Kралското дрво: Го сакаат пчелите, а помага за намалување на ревматски болки, забоболка, гастритис, чир на желудникот, мигрена… Еве како се користи

- Advertisement -

Kралското дрво: Го сакаат пчелите, а помага за намалување на ревматски болки, забоболка, гастритис, чир на желудникот, мигрена… Еве како се користи.Го сакаат пчелите, а помага за намалување на ревматски болки, забоболка, гастритис, чир на желудникот, мигрена…Еве како се користи кралското дрво…

Бела, розова или виолетова боја, багремот (Robinia pseudoacacia) и неговиот мирис и луксузната крошна не оставаат никого рамнодушен.

Популарно е познат и како багрем, бел багрем, кралско дрво…

- Advertisement -

Подготвен како чај, багремот ги потиснува ревматските болки и забоболките, а воедно е и совршен антисептик. Го намалува зголеменото лачење на киселина и помага при мигрена. Ефикасно делува при гастритис, „киселини“, стомачни и дуоденални улкуси.

Чајот се приготвува така што една лажичка суви цветови од багрем се прелива со два децилитри зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои половина час, а потоа процедете и пијте една до три шолји дневно.

Според природната медицина, багремот е одличен во лечење на хиперкиселост, односно зголемена киселост на желудникот, ждригавица која се јавува за време на спиењето, мигрена и воспаление на фацијалниот нерв.

Западната народна медицина го користи за лекување на антивирусни болести, грчеви, кожни болести, дигестивни проблеми, чистење на цревата, за намалување на високата температура, за подобро лачење на урината…

Можете одлично да го искористите цветот на багремот така што ќе го потопите во тесто за палачинки и убаво ќе го испржите во масло.

Идеален мед за деца

Медот од багрем е високо ценет во Европа. Чист е, течен, лесен, идеален за деца над една година. Се препорачува за најмладите, бидејќи е благ и лесен, а за возрасните, бидејќи делува против стрес, нервоза, несоница…

Најпроѕирен е од сите видови и еден од највкусните. Неговата кристализација трае до три години. Ако кристализира и згусне, станува бело, заматено, ситнозрнесто, поради што наликува на снег. Ако се кристализира, треба да ја потопите теглата со мед во топла вода и оставете полека да се растопи.

Цвета од април до крајот на мај или дури и јуни.

Белите миризливи цвеќиња зрачат многу нектар и се вкусни и свежи и пржени. Кај луѓето кои ја знаат вредноста на ова дрво, цветот се бере непосредно пред да се отвори, а листот додека е млад.

Народната медицина препорачува чај направен од сушено цвеќе, кој е и вкусен и лековит за настинки и кашлица.

Од друга страна, свежите мешунки и семиња се богати со протеини, јаглени хидрати и масти.

Токсични кора, лист, семиња

Треба да бидете внимателни кога користите одредени делови од багремот. Поради токсичноста на состојките: робин, робитин, робинин и фазин, старата кора, зрели лисја и сирови семиња не смеат да се користат. Пред употреба на препарати од народната медицина советувајте се со стручно лице или лекар.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави