Вдовица забременила по смртта на нејзиниот сопруг

- Advertisement -

Вдовица забременила по смртта на нејзиниот сопруг. Кога открила кој е татко, сите останале без коментар …

Кога Кристен Трипсон го изгубила својот сопруг, таа и нејзините две деца биле во голема болка. Иако сѐ уште тагувале заради губитокот, имале и необична причина да слават. Животот ги изненадил.

Кристен Трипс го изгубила својот сопруг Сем во септември 2015 година кога починал од рак. Заедно имале две преубави деца, Џек (кој сега има 5 години) и Алиса Ен (која сега има 2 години)

- Advertisement -

И покрај Семовата болест, парот сакал да има повеќе деца. Алиса Ен била зачната со вонтелесно оплодување и по неа, двојката имала уште 4 замрзнати ембриона. По смртта на Сем, Кристен се обидела да забремени, но не успеала.

Во февруари, таа се обидела повторно и се надевала на најдоброто. Овој емотивен момент го споделила со својата мајка и со мајката на Сем. Напишала на својот Instagram профилот: “Па, јас сум бремена. И да, бебето е на Сем. Ќе пробам оваа долга приказна да ја скратам …”

“За да имаме со Сем уште биолошки деца по неговото лекување, морав да одам на ин витро оплодување. Останав со 4 ембриони. Алиса Ен беше нашиот прв. Се обидовме повторно минатата година, но го изгубив многу рано. Три недели потоа, Сем веќе го немаше.”

“Иако не зборувавме за неговиот “крај “, многу разговаравме за ембрионите. Тие за нас беа потенцијални деца. Во мраз. Секогаш тоа ни беше планот, што и да се случи.”

“Во изминатите 6 месеци, воопшто немаше сомнеж дека тоа ќе го направам. Дури и кога одев на интензивна нега кај него, знаев што ќе направам, да им дадам надеж за живот. Кога веќе го немаше, лежев до него уште долго време.”

“Се молев за силата која ми требаше да станам и да излезам од болницата. И конечно, кога ќе бидам подготвена, да продолжам понатаму со нашите планови.”

“Поминваа месеци на подготвителната работа, и физичка и ментална. Мојот доктор добро не познавал и не беше изненаден од мојата одлука. На 9 февруари, со поддршка на мојата и мајката на Сем, пренесени ми се последните два ембриони.”

“Имаше многу солзи и љубов во таа соба. Неколку недели подоцна, дознав дека носам едно здраво, силно дете. Тоа беше во ред. На начинот на кој јас гледам, Сем добива едно и јас добивам едно. Се разбира, тоа е горчливата, но во исто време и слатката работа. Тоа беше наша одлука и она што сметам еден од најубавите благослови во животот.”

“Затоа, јас сум многу среќна и возбудена што во октомври ќе имаме бебе. Џек сака да има сестра. Како и со претходните бремености, дознав на самото место. Или како што ќе речеше Сем – оригинално дознавање на полот”.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави