- Advertisement -
Совршен оброк кој се подготвува брзо и лесно
Подгответе пилешки црн дроб според рецептот на нашата баба.
Рецептот е едноставен, а подготовката уште полесна, пренесува Бабина Кујна.
- Advertisement -
Компоненти:
- 500 гр пилешки црн дроб
- 3 главици кромид
- 50 гр сува сланина
- 3 чешнина лук
- бибер, сол, масло
Подготовка:
– На малку масло се пропржува ситно сечканата сува сланина, па се додаваат кромидот и лукот и се динстаат 5-6 минути.
– Кога кромидот ќе омекне, додадете го црниот дроб, прелијте со 4-5 лажици вода и намалете ја температурата на минимум. Се динста и се остава џигерот да се пржи до крај.
Потребни се околу 15-20 минути. Додадете сол и бибер и исечканиот лист магдонос. Можете да го послужите и со варени компири.
Пријатно!