Крем чорба од печурки и костени: Витаминска „бомба“ која штити од настинки и вируси

- Advertisement -

Крем чорба од печурки и костени: Витаминска „бомба“ која штити од настинки и вируси.Многу е важно да консумирате домашни супи и чорби во текот на зимскиот период бидејќи не само што го топлат организмот, туку и го штитат од настинки и вируси.

Денеска ви претставуваме рецепт за вкусна крем чорба од печурки и костени во која со сигурност ќе уживате:

  • Потребни состојки:
  • 450 гр. печурки
  • 250 гр. печени костени
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 компири
  •  2 лажички путер
  • 2-3 лажички маслиново масло
  •  5 шолји бујон од зеленчук или вода
  •  1 лажичка ким
  • мајчина душица

Начин на подготовка:
1. Во поголемо тенџере на оган ставете го путерот и маслиновото масло, а потоа додајте го исечканиот кромид и динстајте околу 5 минути.

- Advertisement -

2. Потоа додајте го и исечканиот лук, ситно исечканите печурки и мајчината душица. Динстајте со повремено мешање, околу 10 минути, се додека печурките не омекнат.

3. Додајте малку масло, а потоа додајте ги и костените па динстајте уште 2 минути.

4. Во тенџерето додајте ги исечканите компири, бујонот од зеленчук и промешајте, па додајте и сол и црн бибер.

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави