Ајнштајн со децении, секое утро јадел ист појадок: Не сакал да го менува зошто тврдел дека поради него има подобро помнење

- Advertisement -

Ајнштајн со децении, секое утро јадел ист појадок: Не сакал да го менува зошто тврдел дека поради него има подобро помнење.Фасцинантните детали од животот на Алберт Ајнштајн објавени се во книгата „Einstein at Home“, која содржи пет интимни интервјуа со Херт Валдоу, куќната помошничка која со Алберт и неговото семејство живеела шест години во Берлин.

Таа открила малку познати факти кои ја изненадиле јавноста. Имено, нобеловецот и „татко“ на теоријата на релативност секое утро појадувал пржени јајца и пиел бескофеинско кафе.

Валдоу истакнала дека Ајнштајн сакал „реш“ печено месо и дека обожувал печурки.

- Advertisement -

Омилениот појадок на славниот физичар биле јајцата, но засладени со мед, а еве како се подготвувале:

Стопете половина лажичка путер во врела тава. Откако ќе го направите тоа, скршете во тава две свежи јајца и испржете ги. Пред крај, кога ќе видите дека се доволно испржени, додадете една лажичка мед. Откако медот ќе се стопи, движете ја тавата лево-десно за пржените јајца да се прелијат со медот.

Ајнштајн сакал да консумира и свежо подготвени печива. Пиел само бескофеинско кафе и црн чај. А, овој страстен пушач сакал да пие и пунч од целер.

Ја мразел англиската кујна
Ајнштајн ја посетил Англија во текот на 1933 година, но не бил импресиониран од тамошната кујна. Ја нарекол „одвратна“.

„Сѐ готват во овча маст“, се пожалил тој подоцна.

Меѓутоа, тој обожувал јагоди и најчесто ги јадел со шлаг, а тој десерт си го нарекол „снег од јагоди“.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави