Ова семе е 10 пати посилно од витамините Ц и Е: Спречува инфаркт и уште низа други заболувања!

- Advertisement -

Ова семе е 10 пати посилно од витамините Ц и Е: Спречува инфаркт и уште низа други заболувања!

Семето од грозје е незаменливо во превенцијата на голем број болести – ќе се изненадите кога ќе прочитате колку е здраво

Екстрактот од семки од грозје содржи концентрирани материи од грозјето кои се многу ефикасни кога станува збор за заштита на крвните садови, зајакнување на капиларните мрежи, спречување на оксидација на масти и појава на инфаркт.

- Advertisement -

Покрај тоа, екстрактот од семки од грозје ги стабилизира венските крвни садови, го намалува ризикот од развој на проширени вени и ги намалува артериските плакови – мастите што се насобираат на ѕидовите на крвните садови. Ова семе ги штити и вашите очи, бидејќи ги спречува дегенеративните промени на макулата и појавата на катаракта.

Освен тоа, грозјето и неговите семки е одлични антиоксиданси, десет пати посилни од витамините Ц и Е, што значи дека го штитат вашиот организам од слободните радикали кои се причинители на заболувања, како што е канцер, но помагаат и за детоксикација, односно за исфрлање отрови од организмот.

  • Семките од грозје ги имаат следниве дејства:
  • Антиоксидантно – спречуваат оштетување на клетките кое настанува под дејство на слободните радикали, зрачење, различни хемикалии и штетни агенси.
  • Ги штитат срцето и крвните садови – спречуваат атеросклероза, појава на тромб.
  • Го снижуваат холестеролот, особено лошиот холестерол
  • Ја намалуваат можноста за појава на инфаркт на миокардот
  • Ги зајакнуваат ослабените крвни садови кај проширените вени, ги намалуваат отоците и воспаленијата
  • Го намалуваат оштетувањето на очните структури – макуларна дегенерација и катаракта
  • Влијаат врз регулацијата на шеќерот при дијабетес и ги намалуваат компликациите што ги предизвикува дијабетесот

    Во прилог на тоа колку црното грозје и црното вино се здрави и важни во превенцијата на многу состојби и болести, зборува и „францускиот парадокс“, кој статистички укажува на многу мал процент на инфаркт на миокардот во Франција, и покрај високиот процент на заситени масти што се користат во исхраната (свинско и говедско месо).

  • За разлика од нив, Германците кои претежно консумираат пиво, а се хранат речиси на истиот начин, немаат ни приближно толку добра статистичка слика, кога станува збор за коронарни болести и инфаркт на срце.

    Научниците го објаснуваат ова со редовната консумација на црно вино, кое е богато со полифеноли, флавоноиди и проантоцијанидини, кои имаат базична улога во заштитата на кардиоваскуларниот систем.

    Медитеранската исхрана, исто така, е богата со флавоноиди и полифеноли (грозје и друго овошје и зеленчук, вино, маслиново масло – незаситени масни киселини, цело зрно – интегрални производи, риба) и научните истражувања ја прогласиле за најдобра диета во 2019 година, токму поради тоа што таквиот режим на исхрана, на подрачјата каде што со векови се практикува (Медитеранските земји), покажал дека луѓето кои се придржуваат до него имаат значително помала стапка на заболувања и смртност од кардиоваскуларни болести.

    Бојата на грозјето му ја даваат пигментите проантоцијанидини, кои се заслужни за силниот антиоксидативен ефект на црните и црвените сорти грозје, за разлика од белите. Се смета дека црното вино содржи 10 пати повеќе флавоноиди од белото вино.

    Меѓутоа, истражувањата потврдиле дека белото вино има исклучително високи антиоксидативни својства, па со самото тоа игра важна улога во спречувањето некои други заболувања.

    Последни објави

    spot_img

    Поврзани објави